Либиец уапсен во Берлин: планирал напад врз Амбасадата на Израел
СветЛибиец уапсен во Берлин: планирал напад врз Амбасадата на ИзраелОбјавено пред 1 минута – 20 октомври, 2024Од М. А. / Макфакс
Либиец е уапсен од германската полиција за наводно планирање напад врз израелската амбасада во Берлин со намера да употреби огнено оружје, соопштија обвинителите.
dobivaj vesti na viber
Во неговиот стан во берлинското предградие Бернау е уапсен маж осомничен дека е поврзан со терористичката група „Исламска држава“.
Весникот „Билд“ пишува дека овој човек влегол во Германија во ноември 2022 година, а барање за азил поднел во јануари следната година. Барањето било одбиено осум месеци подоцна, а човекот не се жалел на пресудата.
Иако нема општа блокада на депортации од Германија во Либија, враќањето на одбиените мигранти е попречено поради недостатокот на функционални државни структури во северноафриканската земја.
Федералните обвинители соопштија дека осомничениот, именуван како Омар А, ќе се појави пред Федералниот суд на правдата во Карлсруе подоцна во текот на денот. Дали тој ќе остане во притвор во текот на истрагата ќе одлучи судија.
Обвинителството објави дека либискиот државјанин имал намера да изврши „напад од висок профил со огнено оружје врз амбасадата на Израел во Берлин“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…
На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…
Во овој момент за нула евра сме…
„Супорт Кочани“ ја покри целата вредност на…
Организацијата „Супорт Кочани“ ја прими првата пратка…
Жалбата на пратеничката Мојсоска уважена: Собранието ќе…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот…
Москва тврди: Западот подготвува провокација против американски…
Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) обвини…