Ливерпул за 70 милиони евра го купи најдобриот Унгарец – Доминик Шобошлај
Англискиот великан Ливерпул ја активираше откупната клаузула на најдобриот унгарски фудбалер, Доминик Шобошлај и го купува за 70 милиони евра од РБ Лајпциг.
Откако го земаа аргентинскиот репрезентативец Алексис Макалистер од Брајтон, „црвените“ од поодамна го меркаа Шобошлај и со фудбалерот веќе се договорени личните услови, па англискиот клуб воопшто не ни влезе во преговори со германскиот бундеслигаш.
Ја избраа наједноставната опција веднаш да ја активираат откупната клаузула, веќе го известиле бундеслигашот за тоа и сега само формалност е потпишувањето на договорот и реализацијата на трансферот, а Унгарецот наскоро ќе ги има лекарските прегледи пред официјално да биде промовиран на Енфилд роуд“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…
Двајца припадници на Армијата се повредни по…
Трамп му се потсмева на Путин: Реши…
Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…
Лефков: 2 милиони денари за споменик за…
Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…