Објавено на:

Лидерите на ЕУ утре ги отвораат преговорите со БиХ и бараат преговарачка рамка

t

]
На самитот во Брисел утре лидерите на ЕУ ќе одлучат за отворање на преговорите со Босна и Херцеговина и ќе побараат од Советот да развие преговарачка рамка за да можат тие преговори да се отворат, според нацрт-заклучоците што ќе ги усвои Европскиот совет. а до кои имал пристап загрепски Јутарњи лист.

„По препораката на Комисијата од 12 март годинава, Европскиот совет ќе донесе одлука за отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина. Советот е поканет да ја усвои рамката за преговори кога ќе бидат преземени релевантните чекори утврдени во препораките на Комисијата од 12 октомври 2022 година“, се вели во Нацртот.

Во делот на заклучоците што се однесуваат на проширувањето на Европската унија, се разговара за потребата од паралелни реформи и во ЕУ и во земјите кандидати за да се биде подготвен за проширување.

„Европскиот совет ги разгледа подготовките за проширувањето и внатрешните реформи, потсетувајќи дека работата на двете колосеци мора да продолжи паралелно за да се осигури дека идните земји-членки и ЕУ се подготвени навреме за проширување“, се наведува во Нацрт-заклучоците.

Се додава дека на следниот самит ќе се разговара за внатрешните реформи на ЕУ со цел да се донесат насоки за тие реформи. Европската комисија подготви стратегија за реформи во ЕУ за да се подготви за проширување.

За сите земји со кандидатски статус, вклучително и оние за кои е донесена одлуката за отворање на пристапните преговори, неопходно е да се усвои преговарачка рамка за да се усвојат овие преговори. Одлуката за отворање преговори со Украина и Молдавија беше усвоена од Европскиот совет во декември минатата година, но тие се уште не се отворени токму поради тоа што преговарачката рамка се уште не е усвоена. Така ќе биде и со Босна и Херцеговина. Но, одлуката на лидерите на ЕУ е конечна и сега останува само да се почека усвојувањето на преговарачката рамка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…