Објавено на:

Лидерот на Ал Каеда: Америка е одговорна за војната во Украина

t

Лидерот на терористичката организација Ал Каеда, Ајман ал-Завахири, за кого подолго време се сметаше дека е убиен, а од пред еден месец повторно се појави во јавноста, денеска ги обвини САД за војната во Украина, јави италијанскиот весник „Ил Месаџеро“.

Во реткото обраќање по повод 11-годишнината од ликвидацијата на Осама бин Ладен, Ал Завахири кажа дека „слабоста на САД“ е причината поради која Украина станала „лесен плен“.

Повикувајќи на единство меѓу муслиманите, тој рече дека САД „слабеат“ и дека нивната моќ опаѓа, а причина за тоа, како што наведе, е влијанието на војните во Ирак и Авганистан, што почнаа по терористички напади на 11 септември. Бин Ладен беше организатор и финансиерот што стоеше зад овие напади.

„Еве каде се (САД) по поразите во Ирак и Авганистан, по економските катастрофи предизвикани од инвазиите поврзани со 11 септември, по пандемијата на коронавирусот и откако ја оставија својата сојузничка Украина како плен на Русите“, рече 70-годишниот лекар од Египет во обраќањето.

Специјалци на американската војска го убија Бин Ладен во 2011 година во неговото скривалиште во Пакистан. Никој не знае каде се крие Ал Завахири, а ФБИ нуди награда од 25 милиони долари за информација која би довело до негово апсење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…

САД и Велика Британија ги повикаа нивните…

Амбасадата на САД во Бејрут и британската…