Лидерот на “Новата српска демократија” денеска е избран за претседател на црногорскиот Парламент

t

Лидерот на Новата српска демократија, Андрија Мандиќ денеска е избран за претседател на Парламентот на Црна Гора.
За Мандиќ гласаа 49 пратеници. Во гласањето не учествуваше опозицијата, чии пратеници пред гласањето ја напуштија собраниската сала.


На крајот од парламентарната дискусија Мандиќ рече дека неговата мисија е да ја помири Црна Гора.
„Мојата мисија, доколку добијам поддршка, е да ја помирам Црна Гора и така ќе постапам“, рече Мандиќ на крајот од неколкучасовната дискусија во парламентот.
Тој порача дека иднината на Црна Гора треба да биде императив за сите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ