Објавено на:

Лиз Трас: Рецесијата во Британија не е неизбежна

t

Фаворитот во трката за лидерската позиција на британската Конзервативна партија, Елизабет Трас изјави дека рецесијата не е неизбежна и најави дека ќе ги намали даноците за да го запре неконтролираното растење на сиромаштијата, пишува во своето денешно издание британскиот весник „Сан“.

Министерката за надворешни работи во заминување и нејзиниот ривал за шеф на ториевците и поранешен министер за финансии Риши Сунак синоќа на „Скај њуз“ одговараа на прашања од сопартијците.

„Можеме да ги промениме резултатите на Банката на Англија и тоа ќе создаде повеќе можности за раст на економијата“, рече Трас.

„Сепак, најважно е прво да им се помогне на луѓето кои се борат со зголемените трошоци за живот и веднаш ќе го откажам зголемувањето на придонесите за социјално осигурување“, додаде таа.

Сунак го отфрли нејзиниот економски план, посочувајќи дека мерката ќе доведе милиони луѓе во сиромаштија.

Домаќинствата, кои се под силен економски притисок, беа погодени од рекордно зголемување на каматните стапки на 1,75, откако Банката на Англија предупреди дека на крајот на годината би можела да настапи едногодишна рецесија, пишува Сан.

Ривалите за претседател на Конзервативната партија разменија обвинувања за давање економски ветувања кои само ќе ја влошат страшната инфлациска состојба во земјата.

Сунак, ја нарече идејата на Трас за намалување на даноците „избрзана” и рече дека тоа ќе ја зголеми инфлацијата и ќе ги зголеми плаќањата за хипотеки.

Тој инсистира да се чекаат седум години пред да се намали основната стапка на данок на доход од 20 на 16 проценти.

Трас возврати дека ваквото седумгодишно доцнење во стимулирањето на економијата преку даночни намалувања е полошиот пристап. Таа ги опиша своите планови како „неопходни и достапни” и посочи дека нивното спроведување нема да доведе до инфлација.

Според социолошкото истражување на агенцијата ЈуГав, Елизабет Трас моментално има поддршка од 69 отсто од конзервативците, додека само 31 отсто од нив сакаат Риши Сунак да стане претседател на партијата, забележува „Сан”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ БРОД НА БРИТАНСКАТА МОРНАРИЦА!

Британската кралска морнарица во неделата соопшти дека…

Британија размислува за испраќање војници во Украина?

Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…

Во Британија издадоа предупредување за многу заразна…

Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за…

Блумберг: Еврозоната влегува во рецесија

Економијата на еврозоната сега забележа два последователни…

Истражување: Милиони Британци овој Божиќ ќе мора…

Домаќинствата ќе бидат принудени да ги намалат…