Лина Ѓорческа не успеа да влезе во финалето на турнирот во Португалија
Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето на турнирот во Фигуеиа да Фоз (Португалија). Нашата најдобра тенисерка беше поразена од Кристина Млаедоновиќ (Франција) со 0:2 (4:6 и 5:7) сетови.
Од резултатот во двата сета се гледа дека се водела тешка битка, но сепак Ѓорческа не успеа да го повтори успехот од пред две недели кога исто во Португалија, но на турнирот во Порто, се пласира во финалето.