Објавено на:

Лина Ѓорческа се избори за полуфинале на турнирот во Рим

t

Лина Ѓорческа се избори за полуфинале на турнирот во Рим.

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со добрите настапи на фјучерсот во Рим  и забележа победа од 2-1 во сетови против тенисерката од Австралија Сеоне  Мендез. Самиот резултат потврдува дека се водеше голема борба на овој дуел и првиот сет и припадна на Мендез со 6-3. Сепак Лина брзо се консолидира и со доминантна игра го доби вториот сет до 6-2 додека во третиот се водеше голема борба за секој гем а темпо го имаше тенисерката од Австрлија која водеше се до 4-3 кога Ѓорческа наметна иницијатива и го доби сетот со 6-4. 

Следува настапот во полуфиналето за нашата тенисерка и тоа против втората носителка Ралука Сербан до Кипар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ