Лин Трејси e нова амбасадорка на САД во Москва
Сенатот гласаше за потврда на Лин М. Трејси за нова американска амбасадорка во Русија. Сенаторите ја потврдија со 93 наспроти два гласа.
Лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, ја отвори седницата на комората велејќи дека усвојувањето на новиот пакет воена помош за Украина од 45 милијарди долари и потврдувањето на новиот американски амбасадор во Русија ќе испратат силен сигнал дека Американците стојат недвосмислено со украинскиот народ.
Трејси, членка од кариера во Службата за надворешни работи, која претходно беше амбасадор во Ерменија, „ќе има задача да му се спротивстави на Путин“, рече Шумер. Единствените два гласа против Трејси дојдоа од сенаторите на републиканците, Мајк Ли од Јута и Ренд Пол од Кентаки, кои и двајцата беа скептични за поддршката на администрацијата за Украина.
Трејси ќе ја надгледува амбасадата во Москва, која е работи со налаен персонал, бидејќи односите меѓу САД и Русија се нарушија поради војната во Украина, заедно со неколку долги и неповрзани дипломатски спорови околу персоналот и објектите, како и поради несогласувањата околу контролата на оружјето.
Трејси, која зборува руски, претходно служеше како висок советник за руски прашања во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот, како заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Москва. Таа, исто така, имаше неколку функции во Централна и Јужна Азија.
Претходниот американски амбасадор во Москва Џон Саливан, ја напушти Русија на почетокот на септември во заминување што беше очекувано, но беше забрзано поради нарушеното здравје на неговата сопруга, која почина еден ден по неговото враќање во САД.
Трејси е добро ценета во дипломатските кругови и доби награда за херојство на Стејт департментот од тогашната државна секретарка Хилари Клинтон во 2009 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…