Лирaтa ce „тoпи“ a Tyрциja yривa извoзни рekoрди
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека вкупниот извоз на Турција во 2021 година се зголемил за 32,9 отсто во однос на претходната година и дека достигнал рекордни 225,36 милијарди долари, јавува Агенција Анадолија.
Ердоган зборуваше на прес-конференцијата во Истанбул, на која ги сподели најновите податоци за успесите на неговата земја во областа на трговијата.
Тој го сподели податокот дека обемот на трговската размена во 2002 година изнесувал 87,6 милијарди долари, додека во 2021 година, за помалку од 20 години, се зголемил на 496,7 милијарди долари.
Ердоган истакна дека на полето на извозот се остварени рекордни цифри.
„Вкупниот извоз на Турција во 2021 година се зголеми за 32,9 отсто во однос на претходната година и достигна 225,36 милијарди долари. Ова е рекорд“, изјави Ердоган и додаде:
„Надворешнотрговскиот дефицит е намален за 7,8 отсто во однос на годината претходно и изнесува 45,9 милијарди долари, додека покриеноста на увозот со извоз е зголемена на 83,1 отсто.“
Тој нагласи исто така дека од октомври 2021 година турската економија отворила два милиони додатни работни места во однос на периодот пред пандемијата.
„Постигнавме најголема извозна вредност во историјата на Републиката во групата производи од 75 поглавја што ги извезуваме“, додаде Ердоган, додавајќи дека извозната цел на неговата земја за 2022 година е ревидирана на 250 милијарди долари.
Тој додаде дека Турција го зголемила извозот за 86,6 отсто во Јужна Америка, за 29 отсто во европските земји кои не се членки на ЕУ, 22,6 отсто кон Блискиот Исток и за 44,8 отсто во Северна Африка.
„Во моментов се натпреваруваме со светот. Ние сме во трка на глобално ниво. Соборивме извозни рекорди во 11 од последните 12 месеци“, рече Ердоган.
Тој, исто така, нагласи дека од ден на ден се зголемува бројот на земји што соработуваат во турски лири.
„Нашите пари се многу важни“, истакна Ердоган.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Благ пораст на инфлацијата во Еврозоната
Благиот пораст на инфлацијата во еврозоната, на…
Бајден повика на смиренот во американската нација:…
Бајден нагласи дека американската политика „никогаш не…
Приватните детски градински не се решение, дополнително…
Приватните детски градински не се решение, дополнително…
„КОЧАНИ СЕ ГУШИ ВО ТОКСИЧЕН ЧАД“: Левица…
Од политичката партија „Левица“ велат дека се…
СДСМ за предлогот за Влада на Мицкоски:…
Од она што денеска беше соопштено во…