Лирман за ДВ: ЕУ и Бугарија треба да си го одржат ветувањето кон Македонија

t

Државната министерка во германското МНР, Ана Лирман ги поздравува позитивните сигнали од првата средба на македонскиот и бугарскиот премиер во Скопје. Се надева дека Скопје наскоро ќе ги почне преговорите.

Сигналите од средбата на македонскиот и бугарскиот премиер Димитар Ковачевски и Кирил Петков во Скопје се многу позитивни и охрабрувачки, оценува во интервју за ДВ, државната министерка во германското Министерство за надворешни работи Ана Лирман. Германската дипломатка го посети Скопје во понеделникот и беше прв странски претставник кој се сретна со новиот премиер Ковачевски и со повеќе владини претставници.

„Убав сигнал е тоа што новата македонска и бугарска влада отворено се придвижија. Се надевам дека билатералните теми кои постојат во тој билатерален формат набрзо ќе се надминат. И за мене беше многу важна мојата посета, затоа што се случи веднаш по формирањето на новата влада и тоа му беше првата посета на новиот премиер (на Македонија, н.з.) и тоа покажува колку се добри односите меѓу Македонија и Германија, што посетата се случи толку брзо“, вели Лирман во интервју за Дојче веле.

Позитивни сигнали

Првичните сигнали, според неа, се позитивни.
„Важно е што започнаа разговорите со Бугарија, и тоа што се одвиваат во билатерален формат. И од Скопје и од Софија пристигнаа позитивни, охрабрувачки сигнали и постои свест дека е важно што побрзо да се почне со пристапните преговори со ЕУ.”

На прашањето да ги коментира критиките кон бугарскиот премиер Петков по враќањето во Софија, и подготвеноста на Германија да ги поддржи преговорите меѓу двете земји, Лирман вели дека процесот треба да остане билатерален, но и дека интересот на новата бугарска влада треба да биде фокус на домашните приоритети.

„Важно е сите ние како ЕУ- а тука припаѓа и Бугарија- да си го одржиме ветувањето кон Македонија и Албанија. Ние сме подготвени да го поддржиме тој процес, но во најголем дел се работи за билатерален процес. Мислам дека и за новата бугарска влада приоритет е да продолжи со сопствената реформска агенда и дека постои желба историјата да им се остави на историчарите“, вели Лирман. 

Лирман, која дојде на функцијата по формирањето на новата германска влада во декември минатата година, вели во интервју за Дојче веле дека не случајно ги одбрала Скопје и Тирана како адреси за нејзиното прво патување во странство, а целта била да се покаже посветеноста на германската влада на европската перспектива на земјите од регионот. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Се урна хотел во Германија: Едно лице…

Едно лице е пронајдено мртво, а осум…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…