Лицата со попреченост бараат да бидат дефинирани во Уставот на РМ
Лицата со попреченост бараат да бидат дефинирани во Уставот на Република Македонија, велат од Коалицијата “Менуваме”.
Го пренесуваме нивното соопштение во целост:
Почитувана Македонска јавност, ДИПЛОМАТСКИОТ КОР ВО ЗЕМЈАТА, UNICEF и EU ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ЗЕМЈАТА, УСТАВНА КОМИСИЈА, ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА бараме поддршка и медиаторство од вас за остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување во целокупниот економски, културен, општествен политички живот на лицата со попреченост. Нам овие права ни се гарантирани согласно конвенцијата на лицата со хендикеп и Уставот, меѓутоа поради невидливост во системот, остварувањето на овие права не е прилагодено на нашите потреби и можности, како лица со попреченост.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комитетот е загрижен дека:
(а)
Член 9 од Уставот на државата- членка не ја споменува попреченоста како
Основа за дискриминација;
ЗАТОА БАРАМЕ
Признавање на лицата со попреченост како лица еднакви во слободите и правата во Уставот на РМ
Бараме:
Измена и дополнување на Уставот на Македонија и усогласување со Конвенцијата за првата на лицата со хендикеп
Се надеваме на поголема инволвираност од Ваша страна како комисија , бидејќи според сите Конвенции, ЕКЧП ЦЕНИМЕ, СЕГА И ВЕДНАШ!!!
НАПОМЕНА
Македонија ја има ратификувана конвенцијата на правата на лицата со попреченост на ОN во 2011 година, по што е должна да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост.
Со почит
КОАЛИЦИЈА МЕНУВАМЕ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…