Лицата со попреченост повторно онеправдани: Пратениците на СДСМ и ДУИ гласаа против зголемување на додатоците поврзани со овие лица
Пратениците на СДСМ и ДУИ, денеска гласаа против зголемување на неколку додатоци за децата со попреченост и нивните родители.
Предлогот за измена на Законот за заштита на децата беше поднесен од пратениците на Левица, а се разгледуваше по скратена постапка.
Одбиениот предлог предвидуваше:
1. Зголемување на посебниот додаток од 5.021 денари на 10.042 денари;
2. Посебниот додаток за самохран родител кој има дете со попреченост до 26 години од 7.531 да се зголеми на 15.063 денари;
3. Пoсебниот додаток за материјално необезбедени родители, кои се корисници на гарантирана минимална помош за деца кои имаат попреченост до 26 години, од 6.276 денари да се зголеми на 12.552 денари.
Законското решение беше одбиено со Со 31 глас ЗА, 47 ПРОТИВ и 1 ВОЗДРЖАН.
Претходно, на 5 април годинава, родителите на деца со попреченост протестираа пред Собранието на РМ и побараа да се зголеми додатокот за деца со попреченост, родителите да се пенизонираат предвреме и лековите за третман на овие деца кои беа извадени да се вратат на позитивната листа
Истовремено СДСМ на нивната веб страна се пофалија дека со измени во Законот за социјална заштита е зголемена гарантираната минимална помош за 1000 денари, а ќе ја користат 35.000 семејства во социјален ризик.
Родителите на децата со попреченост реагираат дека ваквиот однос на владеачкото мнозинство е навреда за нивната интелигенција и за лицата со попреченост на кои им треба посебно внимание и нега кои бараат дополнителни трошоци. Голем дел од родителите не можат да одат на работа поради потребата да се грижат за нивните деца.
Двојното зголемување на додатоците за лицата со попреченост значително би го подобриле животот на овие лица, имајќи во предвид дека цените во Македонија се уште вртоглаво растат, сите основни трошоци за живот се зголемени и токму поради овие причини беше оправдано зголемувањето на минималната плата. Логично е да се претпостави дека и трошоците з аживот и нега на лицата со попреченост с езголемени и имаат потреба од дополнителна финансиска помош.
На одбивањто на предлогот реагираше пратеникот на Левица, Борислав Крмов кој истакна дека:
“Иако се исполнети сите законски услови за носење на овие измени во скратена постапка, за жал, пратениците од СДСМ и ДУИ и овој пат немаа слух за проблемите, со кои се соочуваат родителите на децата со попреченост и гласаа против носење на измените по скратена постапка. Дополнително, пред само неколку месеци владејачката коалиција усвои измени на Законот за социјална заштита, со кој беспотребно се пролонгира и одолговлекува постапката за стекнување на права на лицата со попреченост.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Учениците и студентите со попреченост добиваат адаптиран…
Од Град Скопје соопштуваат дека е обезбеден…