Лишени од слобода двајца криминалци, се обиделе да избегаат од полициска патрола

t

На 06.10.2025 во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР Скопје, ги лишија од слобода Н.А. (45) и А.Ј. (23) од Скопје. Лицата кои се осуденици, но биле на отпуст од КПУ Идризово, додека се движеле со патничко возило „ренџ ровер“ на ул. „Панче Неделковски“ во Скопје околу 20:20 часот, не застанале на даден знак од полициски службеници и се дале во бегство, по што веднаш се преземени мерки и активности за нивно запирање и лишување од слобода. Организирана е потера по возилото кое се упатило кон обиколницата, па потоа кон регионалниот пат Скопје- Велес, каде било стигнато од страна на полициските службеници во близина на населбата Нова Колонија. Кога полициските службеници, кои биле со службено возило „мазда“ се обиделе да го престигнат возилото „ренџ ровер“, возачот на возилото „ренџ ровер“ во два наврати удрил во полициското возило.

Полициски службеник испукал предупредувачки куршуми во воздух, но возилото „ренџ ровер“ не застанало туку продолжило да се движи и во близина на Нова Колонија излетало од патот. Во возилото се пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила, а Н.А. и А.Ј. се лишени од слобода и против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лишени од слобода двајца криминалци, се обиделе…

На 06.10.2025 во близина на населбата Нова…

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го обвини рускиот…

Османи: Чаир 20 години е заробен од…

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар…

Путин денес полни 73 години

Рускиот претседател Владимир Путин денес го слави…

Пешевски: Еден работник прави годишен профит од…

Работникот создава, газдите профитираат! - вели претседателот…