Лишени од слобода две лица за семејно насилство, вкупно четири пријави во последното деноноќие

t

На 27.03.2026 во 20:55 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода И.С.(48) од Крива Паланка затоа што во семејниот дом физички ги нападнал неговата сопруга, синот и снаата.

На 27.03.2026 година полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Ј. од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 35 годишна сестра.

На 27.03.2026 во 15:10 часот во ОВР Прилеп, 21-годишник од Прилеп пријавил дека бил физички нападнат од неговиот брат Б.С..

На 27.03.2026 во 23:30 часот во СВР Тетово, 30-годишна жена од Тетово пријавила дека С.К.(30) од Скопје, со кого претходно била во вонбрачна заедница, во текот на февруари и март 2026 година во повеќе наврати ја следел и ѝ испраќал пораки со навредлива содржина, а околу 23:15 часот бил забележан во близина на нејзиното работно место во Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За 8 март дури осум пријави за…

На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…

Лишен од слобода насилник кој ја нападнал…

Лишен од слобода насилник од охридско, во…

Судска постапка за пет деца за ужасното…

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за…

Го натепале затоа што им рекол дека…

МВР го потврди настанот со претепаното лице…

Агресивен зет со тврд и остар предмет…

Синоќа во Штип, полициски службеници го привеле…