Лишени од слобода пет лица на територија на СВР Струмица, пронајдена дрога, воздушна пушка и пиротехнички средства
На 26.11.2025 во 14:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ј.Ќ.(34) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронајдоа марихуана, предмети со остатоци од марихуана и повеќе предмети за кои постои сомнение дека биле користени за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.
На 26.11.2025 во 10:40 часот во село Негорци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.С.(58), кој престојува во село Давидово, гевгелиско. Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени две пакувања со марихуана, една воздушна пушка калибар 5.5 мм, за која немал соодветна потврда од надлежен орган за поседување на истата и 42 парчиња пиротехнички средства.
Исто така на 26.11.2025, во 20:15 часот во село Раклиш, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш ги лишија од слобода Д.М.(24) од Струмица, К.Ц.(23) од Струмица и Д.М.(44) од село Раклиш. При преглед на лицата, кај Д.М. (24) од Струмица биле пронајдени пакување со жолта прашкаста материја и пакување со марихуана.
По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Фактор“: Фирмата на новиот градоначалник на Струмица…
Петар Јанков, новиот градоначалник на Струмица, во…
Струмичките пожарникари добија преполовена плата!
Струмичките пожарникари, кои ова лето беа на…
Расчистен случајот во кој четворица малолетници насилно…
На 06.11.2025 во Полициската станица Струмица 42-годишен…
Кривична пријава против поранешен директор на јавно…
Кривична пријава против поранешен директор на јавно…
Полицаец пукал со пиштолот во просторија во…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…