Лишен од слобода возачот кој удри малолетно девојче во Скопје и избега од местото на настанот
На 30.10.2025 околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р. (59) од Скопје. Тој на 28.10.2025 околу 20:30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, со патничко возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и возачот и возилото се пронајдени и Б.Р. по наредба на јавен обвинител е задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лишен од слобода возачот кој удри малолетно…
На 30.10.2025 околу 19:30 часот, по преземени…
Вечерва на полноќ почнува изборниот молк
На полноќ завршува кампањата за вториот круг…
ОН повикаа никогаш да не се дозволат…
Нуклеарните тестови никогаш не треба да бидат…
Околу 130 килограми марихуана откриени на Табановце,…
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за…
САД повлекуваат дел од своите воени контингенти…
САД планираат да повлечат дел од своите…