Лишен од слобода разбојник од Гевгелија
Одделението за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Л.Ќ.(34) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.
На 29.12.2021 околу 19.00 часот, пријавениот со закана одзел пари од дневниот промет во продавница во с.Негорци, гевгелиско. По преземени мерки од полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.
Додека, при претрес во просториите кои ги користел, извршен со судска наредба на 31.01.2022, исто така, биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.
Л.Ќ. бил лишен од слобода и во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разбојник нападнал и ограбил девојче во Штип
Во случај забележан во ист ден и…
Левица Гевгелија: Над 940.000 евра за одржување…
Локалниот огранок на партијата Левица од Гевгелија…
Разбојник вооружен со нож ограбил двајца тинејџери…
Непознат разбојник, кој имал и нож, ограбил…
Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка…
Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби…
Со закана кон вработената ограбил продавница во…
Полициски службеници од СВР Струмица во 01.10…