Лишен од слобода разбојник од Струмица, одземеното ќе биде вратено на сопственикот

t

На 24.09.2025 во 09:10 часот кај индустриската зона Раброво, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода А.Х.(31) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 08:00 часот се обидел да изврши разбојничка кражба во куќа во село Раброво, но откако бил забележан од сопственикот, побегнал. А.Х. е запрен при управување патничко возило „шкода“ со неготински регистарски ознаки, кое претходно било пријавено за одземено во Неготино.

Возилото ќе биде вратено на сопственикот, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случаите против А.Х. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лишен од слобода разбојник од Струмица, одземеното…

На 24.09.2025 во 09:10 часот кај индустриската…

Ванковска: Тврдењето на Орце дека за 72…

Смешното тврдење на Орце дека за 72…

Утре сабајле протест и блокада на мостот…

Иницијативата „Стоп за Вардариште“ најави дека во…

Возачите кои ќе возат под дејство на…

Возењето под дејство на алкохол со концентрација…

Се запали цистерна со нафта на патот…

Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од…