Лога им пиша на Брисел, Вашингтон и странските амбасади: Парламентарното мнозинство најавува „упад“ во правосудниот систем
Министерот за правда во заминување, Кренар Лога испратил повеќе писма до Делегацијата на ЕУ во земјава, до неколку странски организации и амбасади, како и до Стејт департментот, во кои изразува загриженост за најавите на парламентарното мнозинство дека подготвуваат пакет закони со кои ќе се распуштат двете уставни и независни категории-Судскиот совет и Советот на јавните обвинители.
„Во оваа прилика би сакал да Ве информирам и да го насочам Вашето внимание кон најавите за „упад“, кој се подготвува од парламентарното мнозинство во правосудниот систем. Паралелно со најавите за реформа на органите на управата и реорганизација на министерствата, владеачкото мнозинство соопшти дека подготвува и пакет закони со кои ќе се распуштат двете уставни и независни категории – Судскиот совет и Советот на јавните обвинители“, се вели во писмото на Лога, објавуваат од Министерството за правда.
Изјавите од партиски функционери за него лично и за Министерството за правда, како што се додава, се неприфатливи и недозволиви не заради одбрана на поединци во овие органи, туку за независноста и непристрасноста на овие институции за кои имаме добиено извештај од Оценската мисија каде точно е наведено што треба да се преземе од страна на органите на државата за подобрување на состојбите во судството.
„Иако како министер за правда минатата година кога се случија настаните во Судскиот совет, јавно излегов со став за престанок на мандатот на членовите за кој не добив поддршка од коалиционите партнери ниту од опозициските партии, а исто така и по оддржани консултации со Ваши претставници, ми беше сугерирано дека Оценската мисија ќе ја скенира состојбата во Судскиот совет и ќе даде препораки за надминување на состојбите, за што добивме и Извештај. Препораките од Извештајот со особено внимание беа разгледани од највиските претставници на правосудната, академската и стручната фела, како и граѓанскиот сектор и останатите засегнати страни. Дотолку повеќе, што овие препораки се дел од најзначајните документи, како што се: Стратегијата за развој на правосудниот сектор, Патоказот за владеење на правото, како и Планот за раст. Дополнително ,беше формирарана работна група за законски реформи на Судскиот совет каде во повеќе наврати беа поканети претставници на тогашната опозициска партија и сегашен носител на владејачкото мнозинство, ВМРО ДПМНЕ, на што не добивме повратен одговор.
Изразуваме сериозна загриженост што поставеноста на ваквата концентрација на моќ на трите власти кај една политичка партија ќе значи на пресликување на состојбите и проблемите пред 2017 година, коишто неспорно создадоа заробена држава, констатирано во повеќебројни извештаи од меѓународните организации.
Ваквите најави се избрзани и опасни, и цениме дека од страна на владејачкото мнозинство треба да се почитува процесот на правилно креирање на политики кое вклучува оценка на состојбите и консултација за сите претстојни обврски и одговорности кои Република Северна Македонија ги има во договор со Европската Унија и останатите меѓународни партнери“, стои во писмото на Лога.
Како што е наведено, писмото е испратено до амбасадите на САД, Германија , Франција, Холандија и Белгија, до мисијата на ОБСЕ во Скопје, Програмската Канцеларија на Советот на Европа во Скопје, до Стејт Департментот преку Амбасадата на САД во РСМ и до Европската Комисија во Брисел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…