Лога: Сашко Лафчиски не ги исполнува законските услови за шеф на Генералштабот на АРМ

t

Кога една Албанка не ги исполнува законските услови за директорка (ревизорка на ИПА фондовите), таа се разрешува, а кога еден Македонец не ги исполнува законските услови, тој станува шеф на Генералштабот на АРМ!

Парадоксите во оваа наша држава наречена Северна Македонија стануваат нормални, особено кога мнозинската заедница треба да го направи својот “избор”. Сашко Лафчиски од бригаден генерал “се издигна” во чин генерал-мајор и беше назначен за шеф на Генералштабот на Армијата од страна на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, што предизвика многу реакции во јавноста, особено во армијата. Но, ова брзо поминува бидејќи тој го зазема местото на еден Албанец, кој според професионалните заслуги и законските услови требаше да биде генерал Бесник Емини.
Г-дин Лафчиски не ги исполнува потребните услови за оваа позиција, односно е четири нивоа под стандардите кои се бараат за шеф на Генералштабот.

Не реагираше ни СДСМ, ни ВМРО, ни Левица, ни ЗНАМ, се прашувате зошто? *

Еден од главните услови што Лафчиски не ги исполнува е возраста и стажот. Се бара шефот на Генералштабот да има најмалку 6 месеци искуство како командант на Оперативната Команда, а законската регулатива обврзува на чело на Генералштабот да се назначува само оној кој барем 6 месеци бил на чело на Оперативната Команда. Над сè, како бригаден генерал, Лафчиски нема 4 години искуство како што бара законот за да може да биде именуван за генерал-мајор, што автоматски значи шеф на Генералштабот. На Лафчиски му е даден овој чин еден ден пред тој да биде декретиран од претседателката за шеф на Генералштабот. Неговото досие како воен службеник, доверливоста и угледот во армијата оставаат да се посака многу, во неофицијални околности се дознава дека досега не бил опремен ниту со потребниот НАТО сертификат).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша”…

Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја…

ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…

ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…

Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…

Двајца осудени за 27 април побарале помилување

Дел од обвинетите за организирањето на упадот…

Касами со албанско знаме го пречека таткото…

Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…