Локализирани 14 пожари, гори на три локации кај Скопје
На територијата на државата до 18:00 часот на 21.06.2026 година се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се сè уште активни, додека 14 се целосно изгаснати.
Активни се пожарите во селото Арачиново, Општина Арачиново, каде гори депонија, во селото Грчец, Општина Сарај, каде се зафатени ниска вегетација и мешана шума, како и кај „13 Ноември“ во Општина Центар, каде гори ниска вегетација.
Изгаснати се пожарите во:
с. Босилово, Општина Босилово (депонија);
с. Банско, Општина Струмица (депонија);
с. Зубовце, Општина Куманово (ниска вегетација);
ул. „Средорек“, Општина Куманово (сува трева);
с. Пчиња, Општина Куманово (ниска вегетација и насади со жито);
м.в. Ливада, Општина Струга (ѓубриште);
ул. „Пане Џунов“, Општина Кавадарци (ниска вегетација);
Новите градски гробишта, Општина Прилеп (ниска вегетација);
с. Долно Коњари, Општина Петровец (ниска вегетација);
с. Радуша, Општина Сарај (ниска вегетација);
с. Студеничани, Општина Студеничани (ниска вегетација);
с. Грушино, Општина Арачиново (ниска вегетација);
с. Горно Свиларе, Општина Сарај (ниска вегетација);
с. Пршовце, Општина Теарце (ниска вегетација).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Локализирани 14 пожари, гори на три локации…
На територијата на државата до 18:00 часот…
Поради мировните преговори на САД и Иран,…
Технички проблем во контролата на воздушниот сообраќај,…
Трагична сообраќајка во Италија: Возило со девет…
Три млади лица загинаа, а шест други…
Голем пожар во хотел во туристичко одморалиште:…
Една жена почина, а речиси 1.700 туристи…
Пукна нафтовод во Каспиското Езеро: Се заканува…
На брегот на Каспиското Езеро дојде до…