Локализиран пожарот во Велес – пожарникарите се сѐ уште на терен

t

Синоќа се случи голем пожар во Велес, а утрово ЦУК излезе со известување

Според информациите добиени од СВР Велес и ТППЕ Велес, пожарот во фабриката за прехранбени производи ДПТУ „Мирана“ ДООЕЛ во Велес, кој бил пријавен во ТППЕ Велес во 22:00 часот, а во СВР Велес во 22:20 часот на 04.08.2025 година, е локализиран во 04:00 часот на 05.08.2025 година.

Сѐ уште има слаби чадења на одредени места во фабриката, а за да се спречи повторно разгорување, пожарникарите и другите служби се сѐ уште присутни на терен.

Според првичните сознанија на СВР Велес, гореле магацин (во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друго) и канцелариски простории (документација и други материјали).

Во гаснењето на пожарот учествувале:

• 3 противпожарни возила од ТППЕ Велес со екипи од три смени (точниот број пожарникари не е прецизиран од страна на дежурниот),

• 1 возило од ЈКП „Дервен“,

• 2 специјални пренаменети возила на ДЗС,

• присутни биле и 6 полициски службеници од СВР Велес.

INFOMAX.MK

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Локализиран пожарот во Велес – пожарникарите се…

Синоќа се случи голем пожар во Велес,…

Два активни пожари, еден под контрола –…

Од Центарот за управување кризи, со ново…

Гори кај тетовско Желино

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување…

ЦУК: Еден активен пожар, изгаснати осум

Состојба со пожарите на 03.08.2025 до 10:00…

Голем пожар кај Прилеп

На терен се забележува густа димна завеса,…