Објавено на:

Локализиран пожарот во општина Старо Нагоричане

t

Пожарот во општина Старо Нагоричане, во селата Челопек и Алгуња е локализиран, соопштија денеска надлежните од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане. На пожарот, како што соопшти командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски интервенираа две противпожарни возила и седум пожарникари од Старо Нагоричане, 30 припадници на Армијата и екипа на ЈП „Национални Шуми“ со нивно возило.

– Очекуваме во наредните часови пожарот да биде изгаснат. Зафатена беше нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација и помала површина на бел бор, изјави Трајковски.

Пожарот, како што претходно соопшти ЦУК, избувнал вчера околу пладне во атарот на двете села. При гаснењето вчера учествуваа повеќе екипи, три возила од Старо Нагоричане со осум пожарникари, ТППЕ Куманово со едно возило и три пожарникари, едно возило и екипа на „Национални шуми“, локални жители, а утрово во гаснењето на пожарот бил вклучен и хеликоптер на МВР.

В.д. директорката на кумановската подружница на „Национални шуми“ – Куманово Катица Станковска Ристовска информираше дека пожарот избувнал вчера во месноста „Челопечка Кула“.

– Испративме возило кое веднаш беше достапно за помош. Вчера покрај пожарникарите од Старо Нагоричане и Куманово учествуваше и наша екипа. И денеска се гаси пожарот, се надеваме дека до крајот на денот ќе биде целосно изгаснат, изјави Станковска Ристовска.

Вчера на терен бил и заменик генералениот директор на ЈП „Национални шуми“ Кире Михаилов со надлежните од кумановската подружница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина новинарот Владимир Лапе

По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…

Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…

Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…

Пијан скопјанец со тупаници ја удирал и…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…