Локализиран пожарот кој избувна во штипската населба Пребег
Се запали сува трева околу старите бараки на поранешното Градежно претпријатие „Бетон“ – Штип, а од нив огнот се прошири во дворот на фабриката за мебел и во правец кон првите куќи на населбата Пребег.
Жителите на оваа населба со лопати, но и со градежна механизација спречија огнот да дојде на неколку метри. Пожарникарите веднаш излезгле на терен, а месното население им помагаше при гаснењето на пожарот.
Мештаните кои беа во паника велат дека пожарот во правец од старите бараки кон нивните куќи го забележале во 16.15 часот. Тие реагираат дека секоја година овие бараки и околу нив се пали и ги доведува во опасност и куќите, но и објектите околу нив, во непосредна близина е и приватна болница, зградата на Факултети на УГД-Штип.
Пожарот е ставен под контрола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…