Локалните избори го одложија изборот на претседател на Советот на јавните обвинители
Иако во салата каде заседава Советот на јавните обвинители денеска беше поставен параван и гласачка кутија за избор на нов претседател на ова тело бидејќи двегодишниот мандат на досегашната претседателка, Душица Димитриевска, истекува утре, до гласање не дојде.
Членовите на Советот на јавните обвинители едногласно одлучија да го одложат изборот на наследник на Димитриеска. Причина беше еден друг избор, оној за градоначалници и на советници во општините и Градот Скопје, односно локалните избори закажани за 19 октомври и вториот круг на 12 ноември доколку за тоа се наложи потреба во оние општини каде нема да биде избран градоначалник во првиот круг.
За појаснување, на денешната 28. Седница Советот имаше четири точки на дневен ред. Втората и третата беа тие што го предизвикаа интересот на јавноста.
- Донесување одлука за престанок на функцијата претседател на Советот на јавните обвинители на РСМ поради истекот на мандатот“, гласеше втората точка;
- Донесување одлука за избор на претседател на Советот на јавните обвинители, беше третата точка.
Во однос на втората точка, претседателката на Советот, Душица Димитриеска констатираше дека нејзиниот мандат истекува утре, бидејќи на функцијата стапи на 1 октомври 2023 година, откако беше избрана три дена претходно односно на 27 септември истата година. Според Законот за Советот на јавните обвинители, претседателот на ова тело се избира од редот на активните членови и неговиот мандат трае две години, без право на повторен избор.
Откако ова беше утврдено, Димитриеска, која уште денеска е претседател на Советот, отвори дискусија по третата точка, на која се очекуваше нејизните колеги да излезат со предлози за нејзин наследник.
Прва за збор се јави членката на Советот, Светлана Стојковиќ. Но, наместо за претседател на Советот, што врши за избор, оценување и разрешување на јавни обвинители, таа даде предлог изборот да се одложи и да се одржи по завршувањето на локалните избори.
„Во оваа ситуација на кампања за локалните избори сметам дека треба да се одложи изборот на претседател. Не сакам да станеме дел од политичката кампања, оти не ретко се случува правосудството да биде цел на политички пораки. Затоа предлагам да го одложиме изборот на краток период“,рече Стојковиќ.
Таа предложи додека се избере претседател, со Советот да раководи актуелниот заменик-претседател, Башким Бесими чиј мандат на оваа функција не е пред истекување, бидејќи беше избран девет месеци по Димитриеска.
Со предлогот на Стојковиќ согласи и државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, кој е член на Советот на јавните обвинители по функција, исто така, напоменувајќи дека има заменик-претседател, кој можѓе да раководи со институцијата, додека се избере нов претседател.
„Се согласувам да се одложи изборот и да продолжи по завршувањето на локалните избори. Би напоменал дека Судскиот совет има донесено одлчука да не презема ништо во овој период“,рече Коцевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Локалните избори го одложија изборот на претседател…
Иако во салата каде заседава Советот на…
Николоски: На Скопје му треба силна трансформација,…
Овие четири години за Скопје се изгубени,…
Скопјанка претепана од поранешниот вонбрачен партнер
Вчера во 12:51 часот во СВР Скопје,…
ИДФ ќе останат на поголемиот дел од…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во видео порака…
Фон дер Лајен вети две милијарди евра…
Европската Унија ќе додели две милијарди евра…