Локалните избори ќе бидат распишани на 8-ми август, првиот круг најверојатно на 26-ти октомври
Локалните избори во Република Македонија ќе бидат распишани на 8-ми август, а првиот круг најверојатно ќе се одржи на 26-ти октомври, јави Канал 5 телевизија.
Според предвидениот рок од 60-90 дена од датумот на распишување на изборите, извесно е дека првиот круг ќе се одржи на 26-ти октомври, а вториот, две недели подоцна, на 9-ти ноември 2025 година.
Но, она што е неизвесно дали тие ќе се одржат со променет Изборен законик и каква ќе биде позицијата на граѓанските иницијативи во изборната трка, по правниот вакуум што настана откако Уставниот суд ги укина членовите со кои се крена прагот за потребни потписи за независните, но пратениците од власта и опозицијата здружно во Собранието повторно поднесоа законски измени за зголемување на бројот на потписи за независните.
Вака предложениот Изборен законик сега е заглавен во Собранието поради блокирањето од ДУИ и немање Бадентерово мнозинство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Локалните избори ќе бидат распишани на 8-ми…
Локалните избори во Република Македонија ќе бидат…
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина,…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
Трамп: Ги прекинуваме трговските преговори со Канада…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги…
Вучиќ ги одби барањата на студентите, кои…
„Српската држава многупати се соочуваше со ултиматуми…
СКОПЈЕ ДЕНЕС СО ТРЕТАТА НАЈВИСОКА ТЕМПЕРАТУРА ВО…
Скопје денеска се најде на третото место…