Лоши вести за Реал пред дербито: Куртоа го пропушта Ел Класико!

t

Реал Мадрид оствари голема победа против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, откако од 0-2 дојде до триумф со 5-2, но задоволството го уништија информациите кои дојдоа потоа.

Прво стана јасно дека Родриго нема да игра против Барселона в сабота поради повреда, а утринава дојдоа уште полоши вести. На голот на Реал во Ел Класико нема да биде првиот голман Тибо Куртоа кој доживеал повреда на адукторот на левата нога и ќе мора да паузира извесен период. Повредата доаѓа во незгоден момент затоа што Барселона оваа сезона е исклучително ефикасна и потребен е добар чувар на мрежата.

Сепак, не смее да се заборави дека Куртоа не бранеше за Реал и минатата сезона, поради две тешки повреди, па мадридскиот тим на трите меча ја совлада Барселона, два пати во Ла Лига и еднаш во Суперкупот. Разликата е во тоа што тогаш Лунин беше стандарден од почетокот на сезоната и бранеше во добра форма, а оваа сезона настапи на само два меча, против Лил во Лигата на шампионите и Виљареал во домашното првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…

На денешен ден, 17 јуни, пред точно…

СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…

Две години жителите во зграда на булевар…

Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…

Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…

Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…

Горивата се берзански производ на кој не…

Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…

Откако израелската армија нападна ирански цели во…