Лоши вести од ЕЦБ 10-ти пат по ред ја подигнаа каматната стапка: Инфлација од 2% дури во 2025-та

Европската централна банка денес соопшти дека на состанокот на одборот директори е одлучено да се зголеми каматната стапка по 10-ти па по ред, за уште 0,25%!
Каматите повторно ќе рипнат и тоа каматите за рефинансирање, каматите на кредитите и каматите на депозитите и ќе се движат од 4% до 4,75%
Невидената до сега серија на зголемување на каматните стапки ги зголеми каматите кои од 0,5% во јуни 2022-ра година дојдоа на рекордно ниво, досега невидено во историјата на ЕУ. Како што изјавија од ЕЦБ, главната причина за повторното зголемување на каматната стапка била скорешната ревизија за степенот на инфлација во ЕУ од петходните оптимистични проекции.
Официјалната стапка на инфлација во европскиот блок е 5,3%, а претедателката на ЕЦБ, Кристин Лагард претходниот месец изјави дека битката со инфлацијата не е завршена и покрај претходните оптимистички најави за скора победа во битката со растечката инфлација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ масовно инвестира во одбраната
Лидерите на Европската унија на самитот во…
Лидерите на ЕУ и земјите од регионот…
По повод трагичниот пожар во дискотеката во…
ЕУ подготвува посебен фонд за Украина за…
Земјите од Европската унија предложија создавање доброволен…
Левица: Македонија бележи двојно повисока инфлација во…
Македонија бележи двојно повисока инфлација во споредба…
ЕУ оствари трговски суфицит со САД од…
Во 2024 година, Европската унија извезла 531,6…