Објавено на:

Лојд Остин: Израел мора да ги заштити цивилите во Газа!

t

Главниот сојузник на Израел, САД, повика на посилна акција за да се избегнат цивилни жртви во Газа, јави Би-Би-Си.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека Израел има „морална одговорност“ да ги заштити цивилите.

„Ако ги турнете во прегратките на непријателот, тактичката победа ќе ја замените со стратешки пораз“, рече Остин на настан во Калифорнија.

Тој нагласи дека САД ќе застанат на страната на својот „најблизок пријател во светот“, истовремено велејќи дека ги притиснал израелските власти драматично да го прошират пристапот на Газа до хуманитарна помош.

И американската потпретседателка Камала Харис претходно рече дека „премногу невини Палестинци се убиени“ и ги опиша размерите на страдањата како „погубни“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Нетанјаху се обрати: Граѓани на Израел, претстојат…

Израел ќе одговори со сила на секој…