Лукаревска за мерката на Владата: Задоцнета реакција, или нема, или намалувањето е еден-два денари
Владата имаше ненавремена, задоцнета реакција и недоволен опфат на мерки, затоа по сите проверки нема намалување на цените, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска во емисијата Топ Тема на Телма телевизија.
-Или има минимална промена или нема намалување на цените. На пример, денеска имаме намалување по 1 денар, по 2 денари на одредени производи. А инфлацијата е веќе под контрола уште од почетокот на оваа година. Власта треба да го гледа интересот на граѓаните а не на трговците. Недоволно е само 73 производи да се опфатат. Гледаме во регионот Србија има над 700 производи намалени цени, Црна Гора исто така. СДСМ во септември 2023 година со мерките намали цени на 500 производи во 25 категории, рече Лукаревска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата не објави ни соопштение: Започна процедурата…
Министерот за надворешни, здравство, енергетика, генералниот секретар…
Владата одлучи Пониква да биде рехабилитациски центар…
На денешната 82 редовна седница на Владата…
ГРОМ предлага: 500.000 евра за семејствата на…
ГРОМ има целосно разбирање за револтот на…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Владата ги обвини родителите на починатите од…
Владата денеска ги обвини родителите од Кочани…