Лукаревска: Знаеме да кажеме НЕ, луѓето што преговараат нема да дозволат разнебитување
Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на својот Фејсбук профил посочи дека знаат да кажат НЕ и кажале.
Според неа, сега продолжуваме по најтешкиот пат, но со признат македонски јазик и идентитет.
„Знаеме да кажеме НЕ и кажавме. Продолжуваме по најтешкиот пат, но сега со признат македонски јазик и идентитет и со широка расправа која ќе ја појасни сликата до последен детаљ како одговор на сите шпекулации. Знам дека луѓето што го водат овој процес се одговорни и дека нема да дозволат решение кое нè разнебитува. Ова се денови за вистински одлуки. Не смееме сопствената иднина да ѝ ја предадеме на неизвесноста и да му ја препуштиме на времето“, пишува Лукаревска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лукаревска: Ги отфрлам сите шпекулации дека ќе…
Директорката на Упавата за јавни приходи (УЈП)…