Лукаревска: „Мој ДДВ“ е најуспешен проект не само на УЈП, туку и на Владата
Има повеќе процеси кои што сме успеале да ги изреализираме, многу проекти, многу нови вработени, горда сум на покачувањето на 30% на платите на вработените, истакна Сања Лукаревска, директорка на УЈП и заменик претседателка на СДСМ, на Радио Мрежа Канал 77.
-Направивме драстични промени во одредени степени на функционирање. Нема веќе гужви во делот на поднесувањето на годишните даночни пријави. Дел од услугите ги ставивме во рамка на Е-услуги. И понатаму работиме на сензитивни процеси кои што сакаме во наредниот период да ги испромовираме. Оваа година ќе прославиме 30 години од постоењето на УЈП, што за мене претставува голема чест затоа што во мое време ќе се одбележи тој јубилеј. Драго ми е што имам прекрасни колеги кои што си ја сакаат својата работа, горда сум на покачувањето на 30% на платите на вработените – истакна Лукаревска.
Таа додаде дека инспекторите, даночните советници, извршителите и контролорите, односно сите целни групи во рамки на УЈП се добро платени.
-Имаме нов предизвик којшто треба да го завршиме за многу брзо време. Сите оние државни службеници да ги трансформираме во даночни службеници, бидејќи во рамки на УЈП ние сме во рамки на даночни службеници, а имаме државни службеници внатре, за да нема дизбаланс. Овој проблем се провлекува долги години, 10 или 15 години со тој статус останаа колегите. Мојата заложба ја внесовме во закон. Сега правиме функционална анализа којашто е на одобрување во Министерството за информатичко општество и потоа ќе поделиме решенија со тоа што ќе го имаат статусот на даночни службеници – посочи Лукаревска.
Според Лукаревска, МојДДВ е најуспешен проект, не само на УЈП туку и генерално на сите економски мерки кои што постојат во функционирањето на Владата.
-Во моментот, за време на викенд, во позадина правиме одредени промени и унапредувања на одредени евиденциски сегменти, ја подготвуваме мапинг платформата и најчесто тоа се рефлектира со нефункционирање на сајтот. Тоа е битно за да не направиме одредена дисторзија во рамки на системот. МојДДВ е најуспешен проект, не само на УЈП туку и генерално на сите економски мерки коишто постојат во функционирањето на Владата за што сум многу горда бидејќи ја гледам заинтересираноста, го гледам бројот на корисници. Како еден од најуспешните проекти, континуирано си ја потврди својата оправданост. Очекувам да има поддршка од Министерството за финансии за да ја има уште едно покачување – истакна Лукаревска.
Таа додаде дека оваа мерка мора да се унапредува и да опстои.
-Данокот не познава било каква припадност, тој е еднаков за сите. Ние кога постапуваме во делот на законот за регистрирање на готовински плаќања, за неиздавање на фискални сметки согласно плаќања за неиздавање на фискални сметки. Во Скопје имаме најголем број на контроли и најголем број на издадени решенија за забрана на вршење на дејност и должност. Потоа доаѓа регионот во Тетово, Гостивар, итн. Истовремено сме постапувале и во штипскиот регион и таа околина. Не постои некој регион којшто е повластен. Секојпат подеднакво сме постапувале и никојпат нема да дозволам да се зборува дека некаде сме правеле отстапки или одредени региони се повластени – потенцираше Лукаревска.
Таа додаде дека има одреден број на пријави коишто покажуваат дека некаде не успеваат да ги скенираат фискалните сметки и по таа пријава УЈП реагира веднаш, особено ако се работи за поголеми маркети.
-Кога се носи буџет за следната година добиваме соодветен план, колку треба да собереме во однос на ДДВ, данокот на добивка, данокот на личен доход, постои план којшто е усогласен со Министерството за финансии, како што постои интерен план во УЈП согласно нашите анализи и таму имаме соодветна поделба, колку треба да се собере во рамки на дирекциите за големи даночни обврзници, регионалната дирекција Скопје, Тетово, Штип, Прилеп, Битола, Струмица. Врз основа на тоа секојпат регионалните дирекции се во рамки на планот. Некојпат се и над планот. Во 2023 година имавме екстремно висок план, меѓутоа пресликувањето на одредени сегменти од она што значи енергетска криза се рефлектираше заради сменетиот режим на оданочување кај самите енергенси којшто направи мал пад во рамки на ДДВ – посочи Лукаревска.
Таа заклучи дека УЈП секогаш се труди да детектира приходите од каде што може да се соберат за да се оствари планот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
УЈП констатираше неправилности кај 49 даночни обврзници
Даночните инспектори и контролори изминатиот викенд извршија…
Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…
Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…
Радев го додели третиот мандат: Мала е…
Претседателот на Бугарија Румен Радев му ја…