Лукаревска најави зголемување на лимитот на “Мој ДДВ”
Мерката Мој ДДВ дава одлични резултати и во борбата против сивата економија и во зајанување на стандардот на граѓаните, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во гостување на Телевизија Стар.
„Имаме 520.000 регистрирани на апликацијата Мој ДДВ, исплатата се врши редовно, согласно нашите обврски, односно во рок од 60 дена по завршување на конкретното тромесечје. Лимитот за едно тромесечје ќе се зголемат откако во Собранието ќе бидат донесени законските измени и очекувам тоа да биде наскоро“ порача Лукаревска.
Осврнувајќи се на повратот на ДДВ кон компаниите, Лукаревска истакна дека за разлика од некои ситуации порано, сега повратот на ДДВ се врши навремено и неселективно.
-Порано, пред неколку години се чекаше на повратот, се вршеа манипулации и уцени со повратот на ДДВ кон компаниите, но денес тоа не е случај. Повратот на ДДВ кон стопанството расте постојано, секогаш е на време и нема никаква селективност. Тоа е наша обврска и градење на партнерски однос кон обврзниците и дел од нашата грижа за ликвидноста на економијата, заклучи Лукаревска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Битиќи до Кочоска: Фирмите страдааат, кога ќе…
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…
Костадинов: Државата уште го нема исплатено повратот…
Соработката со централната власт е многу лоша,…
СДСМ: Намалување на ДДВ за струја на…
„Прифаќање на предлогот на СДСМ за намалување на…
(Видео) СДСМ предлага намалување на ДДВ за…
Животот во Македонија станува се поскап, граѓаните…
СДСМ бара итно укинување или намалување на…
СДСМ денеска ја повика Владата итно да…