Лукаревска од Струмица: СДСМ е сојузник на земјоделците

t

СДСМ е сојузник и партнер на земјоделците, силно ги поддржуваме и ги почитуваме, рече заменик претседателката Сања Лукаревска, денеска на трибината „Решенија што прават разлика“ во Струмица.

-Од година во година ги зголемуваме субвенциите за „македонското жолто злато“ – тутунот и откупните цени се највисоки досега. Винарството и лозарството се исто така сектори со висок приоритет за нас. За лозарите се подготвува нов модел на субвенционирање од 100 процентна корист за секој лозар за да се сочува бројот на лозови насади и да се подобри квалитетот. Ние сме мала земја која минатата година беше на 15-тото место во светот по девизен прилив од извоз на вино. Тој прилив од година во година е сè поголем. Со искрениот партнерски однос со лозарите и со винариите, во буџетот и пред време се враќа секој денар даден како поддршка. Таа поддршка од СДСМ секогаш ќе ја имаат особено сега кога ширум се отвораат портите на големиот европски пазар, рече Лукаревска.

Извршивме измени на Законот за земјоделско земјиште со цел секоја стапка обработливо земјиште да биде ставена во функција на производство на храна. Со овие измени за прв пат го заштитуваме квалитетното и обработливо земјоделско земјиште од манипулациите со неговата пренамена во градежно. Така се сака земјата и така се почитуваат оние кои ја обработуваат, рече заменик претседателката Сања Лукаревска на трибината на СДСМ во Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Граѓаните се чуствуваат небезбедно заради секојдневните…

За неколку месеци државата се претвори во…

Филипче: СДСМ ќе понуди граѓански економски модел…

Во интервју за Фокус, претседателот на СДСМ…

СДСМ: Мицкоски повторно слеп за самоволието на…

Скандалите на Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН не…

СДСМ: Судијата Пајазити е избран за судија…

Со денови ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја…

СДСМ: Министерот Панче Тошковски или конечно да…

СДСМ како одговорна партија не сакаше да…