Лукаревска открива каков ќе биде пристапот кон решавање на прашањето со Бугарија
Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во денешното гостување во емисијата „Економски Магазин“, во врска со проблемот помеѓу Скопје и Софија рече дека највисоко на агендата на новото партиско раководство на СДСМ ќе биде наоѓање решение со Бугарија. Како што кажа таа, партијата ќе се залага за европските вредности и ќе ги почитува црвените линии донесени во Собранието.
„Она што го зацврстивме како наша позиција, го имплементиравме во Собранието, каде што заедно, сите политички партии, се сложија дека имаме одредени црвени линии коишто не смееме да ги надминуваме. Но, мора да видиме сметка дека европските вредности и заштитата на нашиот идентитет е она коешто е основа како наш став. Не ни е битно колку денови ќе поминат од еден совет на министри до друг, туку да го најдеме решението. Поставивме црвени линии, нешто за коешто се сложија сите политички партии – да го заштитиме идентитетот и да не ги запоставиме европските вредности“, рече Лукаревска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…