Лукаревска: Следува зголемување на лимитот за поврат на ДДВ
Со ребалнсот предивдовме 76 милиони евра за нови антикризни мерки, помош за граѓаните и компаниите за намалување на последиците од глобалната енергетска криза, но тука се други мерки кои остнуваат да се применуваат и кои се директна поддршка на стандардот на граѓаните, рече во интервју за Сител телевизија, заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.
– Одвоивме 76 милиони евра за нови антикризни мерки, дополнително, 3 милијарди денари за земјоделството, 2,2 милијарди за мерката мој ДДВ, за гарантирана социјална помош, останува мерката за субвенционирање за повисоки плати, зголемена минималната плата, пари за енергетска сиромаштија но мерки за зголемување на енергетската ефикасност и зголемвање на производството на струја. Преку одлука на Владата доделивме уште 50 милиони евра за ЕСМ дополнително да го зголеми производството, рече заменик претседателката Лукаревска.
Таа додека дека глобалната криза е сериозен предизвик со којшто се соочуваме ние, но и целиот регион.
Лукаевска рече дека мерката за поврат на ДДВ дава одлични резултати, со право е најпопуларна мерка и додаде дека следува зголемување на лимитот според најавеното и ветено пред граѓаните.
-Оваа мерка ги дава очекуваните резултати. Имаме зголемен број корисници, средствата кај граѓаните редовно се исплаќаат, што допринесува за подобрување на стандардот на граѓаните, затоа што дел од парите дадени за ДДВ им се враќаат назад во домашниот буџет. Новината која од 01.01.2023 година треба да започне е зголемување на лимитот за поврат на средствата, како што ветивме пред граѓаните и како што стои во владината програма., рече заменик претседателката Сања Лукаревска за Сител телевизија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Битиќи до Кочоска: Фирмите страдааат, кога ќе…
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…
Костадинов: Државата уште го нема исплатено повратот…
Соработката со централната власт е многу лоша,…
СДСМ: Намалување на ДДВ за струја на…
„Прифаќање на предлогот на СДСМ за намалување на…
(Видео) СДСМ предлага намалување на ДДВ за…
Животот во Македонија станува се поскап, граѓаните…
СДСМ бара итно укинување или намалување на…
СДСМ денеска ја повика Владата итно да…