Лукашенко ги повика Русија и Украина да стават крај на војната
Русија и Украина треба да преговараат за крај на конфликтот за да не се прошири војната во Белорусија, изјави претседателот Александар Лукашенко во интервју за руската државна телевизија.
Лукашенко во интервју рече дека само „високите луѓе со американско потекло“ сакаат војната меѓу Украина и Русија да продолжи.
Западот го охрабрува Киев да се бори затоа што сака Украина и Русија „да се уништат меѓусебно“, се вели во делови од интервјуто на Лукашенка објавени денеска на веб-страницата на белорускиот претседател.
Лукашенко спомна дека Киев може да има планови за напад на Белорусија, предупредувајќи дека Минск нема да дозволи украинските трупи да „газат на нашата земја“, наведува Ројтерс.
„Не сакаме ескалација и не сакаме војна против целото НАТО. Ние не го сакаме тоа“, рече тој.
Доколку Украина го „провоцира“ Минск, Лукашенко предупреди дека „нема да има избор“, а во исто време ги повика завојуваните страни на преговори.
„Да седнеме на преговарачка маса и да ја прекинеме оваа борба. Тоа не им треба ниту на украинскиот народ, ниту на Русите, ниту на Белорусите. Тоа им треба (на Западот)“, заклучи тој.
Лукашенко изјави дека Западот се надева дека ситуацијата во Курск, каде што упаднаа украинските војници, ќе поттикне мобилизација во Белорусија и Русија и „ќе го потресе општеството одвнатре“.
Тој го нарече конфликтот „заедничка војна“ меѓу Белорусија и Русија против „тие ѕверови“ и посочи дека Москва ќе го поддржи Минск доколку Белорусија биде нападната.
Лукашенко ги повтори тврдењата за наводното нарушување на белорускиот воздушен простор од Украина со беспилотни летала и истакна дека дополнителни белоруски трупи биле распоредени на границата за да „спречат упад“ на Украинците.
Тој рече дека Минск не гледа причина да користи руско нуклеарно оружје, распоредено на територијата на Белорусија минатата година, освен ако не се нарушат границите на земјата.
„Нема да користиме никакво оружје додека не влезете во нашата државна граница“, рече Лукашенко, пренесе Танјуг.
Повикот на белорускиот претседател за разговори доаѓа откако украинските сили ја нападнаа руската област Курск на 6 август, а Киев тврди дека војниците оттогаш напреднале 35 километри на руска територија.
Русија денеска објави дека ќе ја зајакне својата гранична одбрана откако стотици илјади луѓе добија наредба да се евакуираат од областа Курск.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лукашенко ги повика Русија и Украина да…
Русија и Украина треба да преговараат за…
Зеленски: Украинските трупи имаат целосна контрола над…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави денеска…
Летонија: Украина има право да користи оружје…
По изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски…
Зеленски: Украина ја постигнува својата стратешка цел…
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Украина ја…
Русија во 2023. инвестирала три милијарди долари…
Обемот на вкупните директни руски инвестиции во…