Објавено на:

Лукашенко загрижен: Мора да се избегне нуклеарна војна

t

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека војната во Украина нема да престане сè додека Киев не ги прифати загубите и не преговара со Русија.

Тој истакна дека сè зависи од Украина и оти војната сега може да заврши во околности што се поволни за Киев.

„Таа (Украина) треба да седне на преговарачка маса, да се согласи дека никогаш нема да биде закана за Русија. Киев мора да прифати дека никогаш нема да има оружје на своја територија што би било закана за Русија. Украина, исто така, мора да прифати дека ги изгубила регионите окупирани од Русија на исток и југ. За тоа повеќе не станува збор, за тоа можевме да разговараме во февруари или март“, истакна Лукашенко.

Тој истакна дека мора да биде запрена војната со цел да се избегне нуклеарна војна.

„Ајде, да запреме. Не треба да одиме понатаму. Понатаму, тоа е бездна. Понатаму, тоа е нуклеарна војна. Не треба да одиме таму“, посочи Лукашенко.

Тој нагласи дека работите може да се влошат бидејќи рускиот претседател Владимир Путин сè уште не ги искористил сите свои сили.

Според Лукашенко, војната во Украина можеше да се избегне ако Западот гарантираше безбедност односно повлекување на НАТО во границите од 1997 година, ако престанеше приближувањето на Украина кон Западот, што Русија го перципира како закана.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Лукашенко: Западот се подготвува да го пушти…

Белорускиот претседател рече дека Америка стои позади…

Лукашенко: Настаните во Украина се само почеток

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјавил дека…

Лукашенко: Не се сомневам дека Русите, како…

Честитки до рускиот лидер Владимир Путин за…

Лукашенко испрати порака до генералниот секретар на…

Белорускиот претседател Александар Лукашенко испрати порака до…