Лукашенко: На Трамп треба да му се „отворат очите“
Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко, разговараа за средбата на рускиот лидер со специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф и за предлозите на САД за мировни преговори, објавува Белта.
Путин го информираше и Лукашенко за договорите со американскиот претседател Доналд Трамп за средбата, чие место се утврдува. Според белорускиот претседател, средбата со американскиот претседател Доналд Трамп не е на дневен ред, но би можела да му ги „отвори очите“ на Трамп за многу прашања. „Во моментов, таква средба не е на дневен ред, иако би можела да биде многу важна за Доналд Трамп. Би му било исклучително корисно ако е искрен во своите изјави за внатрешната и надворешната политика.
Бидејќи, за разлика од сите вас што трчате околу него, јас би му ги отворил очите за многу прашања. Особено во врска со односите меѓу САД и Русија, како и конфликтот во Украина. И, секако, за ставот на Белорусија“, рече Лукашенко во интервју за американското списание „Тајм“. Владимир Путин нема да нареди напади врз цивили, нагласи белорускиот лидер. „Путин не е крволочен. Без разлика како го опишувате во Америка, тој не е крволочен. Тој знае што значи семејство, деца и нема да нареди напади врз цивили“, додаде Лукашенко.
Еден од важните чекори за решавање на конфликтот во Украина е постигнување воздушно примирје меѓу Украина и Русија, изјави белорускиот лидер во интервју за американското списание „Тајм“, чиј текст го објави агенцијата БелТА. Белорускиот лидер, исто така, откри дека на состанокот со претставници на САД се пошегувал дека „на Американците им недостасува диктатор“, а дека тие одговориле дека им е доволно свој. „Реков дека ако размислував за себе, ќе имав многу да му кажам на нивниот претседател“, додаде Лукашенко.
Во интервју за „Тајмс“, Лукашенко го пофали потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, нарекувајќи го „пристоен човек“ кој би можел да стане нов лидер на САД, додавајќи дека се надева дека ќе ја продолжи политиката на Трамп кон ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лукашенко: На Трамп треба да му се…
Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин…
Израел демантира: Не е точно дека Трамп…
Известувањата дека американскиот претседател Доналд Трамп му…
Путин: Немам ништо против средбата со Зеленски,…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „нема…
Трамп размислува да воведе дополнителни царини и…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…
Индија очекува посета од Путин до крајот…
Се очекува рускиот претседател Владимир Путин да…