Објавено на:

Лукашенко: Се надевам дека нема да го употребиме нуклеарното оружје

t

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека се надева дека ќе избегне употреба на нуклеарно оружје за заштита на земјата.


„Нуклеарното оружје е безбедност… Не дај Боже да мора да се користи ова оружје. Се уште се надевам дека тоа нема да се случи“, рече Лукашенко за време на работната посета на регионот Брест во Белорусија, пренесува државната агенција Белта.


„Ние сме мирни луѓе. Се боревме низ нашата историја. Не сакам мојот народ, особено додека сум на власт, да војува. Ние не штракаме со оружјето, но се подготвуваме да ја одбраниме нашата земја во секој момент“, нагласи тој.


Белорускиот претседател рече и дека Америка се обидува да ја уништи Европа и дека Белорусија паднала во тој меѓународен хаос.


„Влеговме во тешка ситуација. Цела Европа. Велика Британија е нивниот главен столб. Од другата страна е Полска. Полска сепак ќе ни биде проблем. „Не Полјаците, тие се паметни луѓе, туку раководството кое полуде“, рече Лукашенко.
„Американците ќе играат на нивната карта. За САД, Европа не е непријател, туку силен ривал“, објасни тој.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека по 7 или 8 јули Русија ќе почне да распоредува оружје на територијата на Белорусија, откако ќе бидат завршени подготвителните работи.
Претходно, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на средбата со неговиот белоруски колега Виктор Хренин во Минск изјави дека поради активностите на заедничките нуклеарни мисии на НАТО, Русија и Белорусија биле принудени да преземат соодветни реципрочни мерки и дека е организирана работа за распоредување на руската нестратегиско нуклеарно оружје на територијата на Република Белорусија.
Министерот за одбрана на Белорусија Виктор Хренин оцени дека распоредувањето на нестратешко нуклеарно оружје во Белорусија е одговор на агресивната политика на непријателските земји.
На 6 јули, Лукашенко рече дека целото руско нуклеарно оружје што е планирано да биде пренесено во Белорусија ќе пристигне во земјата до крајот на годината и дека „повеќето од нив се преместени и се наоѓаат во Белорусија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…

Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…

Полска започна операција на границата со Белорусија

Полска ја започна операцијата „Безбедна подласие“ на…

Путин: Ќе одговориме реципрочно на распоредувањето на…

Русија ќе смета дека е ослободена од…

Лукашенко слави 30 години како претседател на…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му ја…

Си-Ен-Ен: На Трамп било пукано од три…

Според наодите од аудио вештачењето, за време…