Објавено на:

Лукашенко ќе има проблеми во својата земја доколку тргне во војната вo Украина, тврди Макрон

t

Францускиот претседател, Емануел Макрон, синоќа во интервју за францускиот ТВ канал „Франс2“ изјави дека неговиот белоруски колега, Александар Лукашенко, ќе се соочи со проблеми во сопствената земја доколку навлезе подлабоко во војната во Украина, на страната на Русија.

-Доколку претседателот Лукашенко одлучи повеќе да се вклучи во оваа војна, тоа ќе го направи спротивно на советите на голем дел од својот народ, рече Макрон за „Франс 2“.

Со тоа, додаде тој, Лукашенко би „презел одговорност што нема да биде без проблеми“.

На 24 февруари 2022 година, руските трупи ја нападнаа Украина, меѓу другото, од територијата на Белорусија, нејзиниот долгогодишен сојузник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…