„Лукоил Македонија“ по американските санкции: Работиме нормално, се консултираме со адвокатски компании

t

„Лукоил Македонија“ во одговор испратен до „Фактор“ вели дека компанијата работи тековно без пречки во увозот и во малопродажбата на горивата, по санкциите наметнати од САД.

Оваа компанија е трет најголем увозник на нафтени деривати во Македонија,по ОКТА и СУпертрејд,и ја има втората најголема малопродажна мрежа преку бензински станици по Макпетрол.

САД воведе санкции над двете големи руски енергетски компании – „Роснефт“, и „Лукоил“, а од управата во Скопје велат дека во моментов единствено течат консултации со најголемите адвокатски компании, а дека се друго се одвива рутински.

„Во врска со актуелните случувања кои се однесуваат на санкциите воведени од страна на Велика Британија и Соединетите Американски Држави на компанијата „ЛУКОИЛ“, друштвото ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје, информира, дека работи нормално и вообичаено. Сета деловна комуникација, набавката, превозот и плаќањето на стоките во големопродажбата и малопродажбата се одвиваат на вообичаен начин, без никакви ограничувања.

За содржината, обемот и последиците на санкциите, се прибираат правни мислења од реномирани адвокатски компании. ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје останува посветена на почитување на законитоста и сите релевантни национални и меѓународни прописи кои се применуваат на нашата дејност и на отвореноста во односите со нашите деловни партнери. Нашето Друштво, со значајно залагање на раководството и своите вработени, ќе продолжи да работи посветено со цел да ги надмине сите евентуални потешкотии“,велат од „Лукоил Македонија“.

Во меѓувреме Бугарија има еден месец да реши што ќе прави со рафинеријата „Лукоил Нефточим“ во Бургас, по изјавата на бугарскиот премиер Росен Жељазков. „Лукоил Нефточим“, најголемата рафинерија во Југоисточна Европа, е клучен стратешки објект и игра важна улога во енергетскиот систем на Бугарија, поради што американските санкции за „Лукоил“ покренаа политичка дебата во земјата.

– Рафинеријата во Бургас е дел од системот ‘Лукоил Русија‘, кој поседува повеќе од 50 проценти од рускиот ‘Лукоил‘, па затоа рафинеријата подлежи на овие санкции, рече Жељазков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Лукоил Македонија“ по американските санкции: Работиме нормално,…

„Лукоил Македонија“ во одговор испратен до „Фактор“…

Независната левичарка Кетрин Коноли победи на изборите…

Независната и левичарска кандидатка Кетрин Коноли победи…

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на изборите

Ви благодарам за поддршката во првиот круг.…

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

По кратко и тешко боледување, попладнево во…

Трамп подготвува инвазија – светот на раб…

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ги обвини…