Лукоил прогласи состојба на „виша сила“ во Ирак
Руската нафтена компанија Лукоил прогласи состојба на „виша сила“ на едно од најголемите нафтени полиња во светот – Западна Курна 2 во Ирак, откако САД воведоа санкции против компанијата, според извори од индустријата.
Нафтено поле се наоѓа на југот на Ирак, а во писмо испратено до ирачкото Министерство за нафта, Лукоил наведува дека „сегашните околности не дозволуваат продолжување на работата“.
„Доколку причините за прогласување на виша сила не се отстранат во следните шест месеци, компанијата ќе биде принудена целосно да го запре производството во Западна Курна 2“, изјави неименуван ирачки функционер, пренесува Комерсант, повикувајќи се на Ројтерс.
Според информациите од британската агенција, ирачките власти ги прекинале финансиските плаќања кон Лукоил и ја откажале испораката на околу четири милиони барели сурова нафта, што требало да послужи како природна компензација за компанијата.
Во 2009 година, Лукоил го доби правото да ја експлоатира Западна Курна 2, а комерцијалното производство започна во 2014 година. Повеќе од 90 проценти од резервите се наоѓаат во полињата Мишриф и Јамам.
Да потсетиме дека во октомври САД и Велика Британија воведоа санкции против Лукоил, а трговецот со енергија Гунвор се обиде да го купи Лукоил Интернешнл ГмбХ, дел од рускиот концерн.
Иако Лукоил се согласи со понудата, Министерството за финансии на САД одби да издаде лиценца на Гунвор, објаснувајќи дека таква трансакција не може да се одобри додека трае војната во Украина. После тоа, Гунвор ја повлече својата понуда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лукоил прогласи состојба на „виша сила“ во…
Руската нафтена компанија Лукоил прогласи состојба на…
„Гунвор“ ја повлекува понудата за купување на…
„Гунвор“ ја повлекува понудата за купување на…
Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури…
Директорот на „Гунвор груп“, Торбјорн Торнквист, изјави…
Купувачот на „Лукоил“ го негира руското влијание
Швајцарската компанија за трговија со стоки „Гунвор“…
Бугарија стравува од пад на Владата: Се…
Бугарија се обидува да најде начин да…