Маалскиот живот како важен дел од скопскиот дух

t

Секое скоспко маало е посебна приказна. Секое маало има посебни правила. Но, сепак сите маала ги спојува една заедничка работа, а тоа се маалските другарства. Маалските другарства се обично првите другарства и тоа се најчесто пријателства кои траат засекогаш.

Нашето маало е место кое секогаш ги носи со себе најубавите спомени. Место каде што сме почнале да играме фудбал, место каде што можеби сме научиле да возиме велосипед и место каде што сме ги склучиле првите пријателства. А првите пријателства се паметат за цел живот.

Можеби секое маало има свои правила, но правилата во пријателството се универзални и важат засекогаш. Секогаш заедно во сите неволји и секогаш се дава поддршка на пријателот. А тоа го учиме токму преку тие пријателства од маало.

Сигурно сте го поддржале пријателот во жмурка и сте извеле една од оние измами од типот „изгоре лончето, претече млекото“. Сигурно сте ги замениле местата кога едниот бил откриен. И сте го покриле пријателот. Секогаш заедно.

Овие лекции по пријателство ги учиме токму тука. Во нашето маало. И во ситуациите кога имало расправии и ривалство со соседното маало, секогаш сте го чувале грбот на вашите пријатели и тие вам. Затоа што се знае. „Маалските“ мора да се држат заедно.

Годините поминуваат и без разлика дали животот и обврските не’ раздвоиле или не’направиле уште поблиски, тие маалски денови секогаш ќе бидат врската која никогаш не може да се прекине, без разлика на далечината и обврските.

И секогаш кога поминувате покрај игралиштето на кое имате поминато безброј часови исправајќи, учејќи ги основните правила на другарството, со меланхолична насмевка си приспомнувате на тие денови кога започнувавте да учите за животот. Тие детски лекции од маало станаа ваши стандарди во животот. „Секогаш ќе си го чуваме грбот еден на друг“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маалскиот живот како важен дел од скопскиот…

Секое скоспко маало е посебна приказна. Секое…

Два дена приватна 22 стои паркирана на…

Веќе втор ден приватна 22 стои паркирана…

Нетанјаху влезе во Газа и испрати јасна…

Израелскиот премиер, Бенџамин Нетанјаху, на својот профил…

САД: Турција да не им биде домаќин…

Вашингтон денеска и порача на Турција дека…

Борел: Украина треба да биде во можност…

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп…