Мадуро воведе вонредна состојба, Трамп е обвинет за напад на Венецуела
Венецуелската влада соопшти дека „ја отфрла и осудува американската воена агресија“. САД се обвинети за обид за „присвојување на стратешките ресурси на Венецуела, особено нафтата и минералите, обидувајќи се насилно да ја скршат политичката независност на земјата“ објави CBS.
„Таквата агресија го загрозува меѓународниот мир и стабилност, особено во Латинска Америка и Карибите, и сериозно ги загрозува животите на милиони луѓе“.
Војници и оклопни возила беа видени на улиците на главниот град на Венецуела, Каракас, откако најмалку седум експлозии го потресоа ноќта помеѓу петокот и саботата.
Аеродромот Игерото, кој се наоѓа на околу 20 километри западно од Каракас, наводно бил цел на нападот, но засега нема официјални информации за потврда на ова.
Засега нема коментар од Белата куќа, а венецуелскиот претседател Николас Мадуро прогласи „состојба на надворешна закана на целата национална територија, со цел да се заштитат правата на населението, целосното функционирање на републиканските институции и веднаш да се премине на вооружена борба“.
„Целата земја мора да се мобилизира за да ја победи оваа империјалистичка агресија“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мадуро воведе вонредна состојба, Трамп е обвинет…
Венецуелската влада соопшти дека „ја отфрла и…
Експлозии и ниски прелети на авиони во…
Екипа на Си-Ен-Ен тврди дека била сведок…
Трамп и Ердоган ќе разговараат телефонски во…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган закажа телефонски…
Русија вели дека им дала на САД…
Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека…
Мадуро: „Подготвени сме за преговори со САД…
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека е…