МАЕИ во Пустец организира свечено одбележување на Илинден
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во соработка со Општина Пустец, утре на 2 август, организира прослава по повод Илинден.
Според лидерот на партијата Васил Стерјовски, во Пустец, седиштето на истоимената општина, по повод 120 години од Илинденското востание на македонскиот народ во 18.00 часот ќе се одржи свечена академија.
– Академијата „120 години од Илинденско востание“ ќе се одржи во просториите на нашата партија во Пустец, во 18.00 часот, на која очекуваме големо присуство на жители од цела Мала Преспа, рече Стерјовски.
Општонароден собир ќе биде одржан на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, во 19 часот, со македонски ора и песни, со настап на група од Преспа и детскиот младински фолклорен ансамбал „Срма“ од Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…