Маестрална објава на Цуцуловски: Зошто бездната во која се наоѓа Македонија, како и секоја друга бездна нема дно?

t

Професорот Љубомир Цуцуловски на Фејсбук го коментира зголемувањето на платите на функционерите и вели дека Република Македонија секојдневно тоне во бездна од која никкао не може да излезе.

-БЕЗДНА. Предмалку разбрав дека Уставниот суд донел одлука со која платите на луѓето од власта би се покачели за 78%. Ова го го разбрав тукушто, бидејќи вчера одлучив да не слушам вести. Сепак, не е касно да се реагира и да се каже сопственото мислење. И во овој случај се служам со мој постар текст, за кој сметам дека адекватно го отсликува она што се случува во Република Македонија, која секојдневно тоне и заглавува во бездната, неможејќи да дојде до дното на дното, бидејќи и да сака не може да го постигне. Бездната во која се наоѓа, како и секоја друга бездна, нема дно. Затоа е и бездна.

„Анри де Сен-Симон (1760-1825) потекнува од грофовско семејство. Сепак, бил на страната на производителите, наспроти кои ја поставил класта на непроизводители. Неговите симпатии кон производителите не биле случајни. Во својата позната „Парабола“ поаѓа од една хипотетичка ситуација – дека во Франција, во ист ден, умреле педесетина најдобри хемичари, физичари, математичари, поети, уметници. Но дека, исто така, умреле уште толку најдобри механичари, градежни работници или лекари. Заедно со нив, истиот ден, умреле уште многу вредни земјоделци, столари, ковачи, производители на платно, леари… Што би се случило со Франција и нејзиниот народ? Тие би пропаднале истиот тој ден! Односно, како што самиот пишува: ‘Во оној час, кога ќе ги загуби, нашиот народ би станал тело без душа“, бидејќи „…Франција може да напредува само тогаш кога ќе напредува науката, уметноста, стопанството и производството.’ Без нив Франција, како и самиот човечки живот би биле неможни. Меѓутоа, да претпоставиме (продолжува Сен-Симон) дека во Франција, во еден ден, умреле братот на францускиот крал, војводата и војвотката од Орлеан, како и многу државни советници, членовите на Државниот совет, многу кардинали и бискупи, многу министри, како и најбогатите благородници, кои имаат големи привилегии. Нивната смрт, пишува Сен-Симон, би ‘…ги нажалила Французите, бидејќи имаат добри срца.’ Сепак, од жалоста не би следела пропаста на Франција и на животот, бидејќи Франција живее од трудот на производителите, а не од тие кои ништо не произведуваат (н е п р о и з в о д и т е л и т е), бидејќи ‘…ни принцовите, ни крунските велможи, ни бискупите, ни префектите, ниту мрзливите сопственици не работат за напредокот на науката, уметноста, стопанството и производството. Тие само му штетат на развитокот на народот, бидејќи своите пари ги трошат на таков начин кој не им користи на науката, уметноста, стопанството и производството. Општеството политички е заглавено во неморал.’ Заглавено е во неморал, продолжува Сен-Симон, бидејќи народот им ‘…доверил на н е с п о с о б н и т е да управуваат со трудот на способните. Ако погледнеме од позиција на етиката, ќе видиме дека најнеморалните се повикани да ги шират доблестите; а ако гледамо на тоа од позиција на правдата и праведноста, ќе видиме како на големите злосторници им е доверено да ги казнуваат малите грешки.’“

После овие редови, превземени од Сен-Симон, што друго може да се каже? – напиша Цуцуловски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…