Маж од Идризово во дневна соба чувал бомби и муниција

t

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Во неговиот дом во Идризово, осомничениот 57-годишник неовластено држел муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета. При претрес, во дрвен сандак во дневната соба, полицијата пронашла две рачни бомби – гранати модел „М.75“ , како и педесет куршуми калибар 7,65 мм наменети за испалување од полуавтоматски и автоматски огнени оружја.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж од Идризово во дневна соба чувал…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Запленети околу 35 килограми марихуана на патот…

На 03.09.2025 на регионалниот пат Битола- Прилеп…

Реџепи: Јас не можам да свикам седница,…

Претседателот на Комисијата за надзор над работата…

18-годишник од Скопје обвинет за обид за…

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(18)…

Центарот за социјални работи Делчево со најмногу…

Според најновиот извештај на Секторот за инспекциски…