Маж паднал во бунар длабок 15 метри, успешно извлечен од кумановските пожарникари
Кумановските пожарникари вечра извадиле човек кој паднал во бунар, во кумановската населба Карпош, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово како и од Територијалната противпожарна единица Куманово.
– Добивме повик од 112 дека човекот пропаднал во длабок бунар од околу 15 метри. Се упативме и со помош на јажиња, појаси, успешно го извлековме човекот и го предадовме на екипа на Итна помош Куманово за натамошно лекување, изјави Сашо Илиевски, командир на смена кој заедно со уште двајца колеги учествувале во интервенцијата
Интервенцијата завршила во 13:50 часот и како што е наведено во дневниот билтен на РЦУК, човекот е во добра здравствена состојба.
Во текот на вчерашниот ден, кумановските пожарникари интервенирале шест пати на опожарена сува трева и вегетација во липковските села Матејче и Отља, во кумановските Речица, Табановце, на „Никуљски пат“ и во село Никуљане.
Пожарникарите од Старо Нагоричане пак гаселе пожар во Челопек на запалено стрниште, сува трева, грмушки и гранки на површина од околу три декари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен скопјанец поради предизвикување пожар
Триесет и двегодишен скопјанец утрово е приведен…
Маж паднал во бунар длабок 15 метри,…
Кумановските пожарникари вечра извадиле човек кој паднал…
Македонија под топлотен бран, ова се препораките…
На почетокот на новата работна недела, територијата…
НИЗА ЕВАКУАЦИИ РАНО УТРОВО: Проширен пожарот во…
Неколку населби во североисточниот дел на областа…
(Видео) Прво интервју на Бајден по повлекувањето…
Американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе…